Top Sport

„Играле ножеви“ и денеска меѓу навивачите на Лацио и Севилја во Рим (фото)

Италијанските медиуми јавуваат за нова тепачка во која биле употребувани и ножеви меѓу навивачите на фудбалските клубови Лацио и Севилја во очи на вечерашниов нивни дуел во 1/16 финалето во Лига Европа.

Тројца навивачи денеска се повредени, јавува Коријере дело Спорт. Информациите се дека во болница откако бил прободен со нож завршиле двајца Шпанци и еден Американец.

Информациите се дека инцидентот се случил во центарот на Рим, а во тепачката учествувале околу 40-тина навивачи.
Мечот меѓу Лацио и Севиља започна предмалку.

Тепачки меѓу тифозите на двата клуба имаше и синоќа:

Хулигани на Лацио со ножеви нападнале навивачи на Севилја (Видео)

Scroll to Top