Поранешниот британски тенисер, Тим Хенман, во интервју за „Сандеј Тајмс“, ги споредил тројцата најдобри тенисери на денешнината со автомобили.
„Рафа Надал е гласен, сиров, мускулест. Тој е ‘животно’, тоа е застрашувачки“, рекол Хенман.
На прашањето дали Надал би бил Ламборџини, Хенман рекол:
„Не тоа е префинето. Рафа е ѕвер, тој повеќе е како Формула 1 болид, точно подесен и балансиран, а може и да зариба“.
Кој автомобил најмногу би му одговарал на Новак Ѓоковиќ?
„Тој е неверојатно брз и исклучително ефикасен, иако не е најинтелигентниот“.
Дали можеби тоа е Тесла?
„(Се смее), да, да, тоа може“.
За крај Хенман го коментирал и Роџер Федерер.
„И Роџер е многу силен, во исто време е мазен како свила, бидејќи се што прави изгледа толку лесно. Тој е како Ролс-Ројс“, заклучил Британецот.
Тим Хенман во кариерата освоил 11 титули, шест пати играч полу-финални мечеви на грен-слем турнирите. Најдобро пласиран на АТП листата бил на четвртата позиција.