Роџер Федерер, по триумфот во Дубаи се врати во Топ 5 на АТП листата. Швајцарецот во саботата ја освои 100 титула во кариерата. На најновата листа прв пат во кариерата меѓу најдобрите десет влезе Гркот Стефанос Циципас.
Федерер, по победат тукму над Циципас во Дубаи, напредуваше за три позиции и од денес се наоѓа на четвртото место.
Првите тројца Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Александар Зверев ги задржаа своите позиции, а поради напредокот на Федерер, за по едно место назадуваа Хуан Мартин дел Потро, Кевин Андерсон и Кеи Нишикори, додека Доминик Тим и Џон Изнер ги задржаа своите позиции.
Најголем напредок на листата забележа Ник Кирјос. Контроверзниот Австралиец по победата на турнирот во Акапулко, на АТП листата се искачи за 39 позиции и сега се наоѓа на 33 место.
1. Новак Ѓоковиќ (Србија) 10.955
2. Рафаел Надал (Шпанија ) 8. 365
3. Александар Зверев (Германија) 6.595
4. Роџер Федерер (Швајцарија) 4.600
5. Хуан Мартин дел Потро (Аргентина) 4.585
6. Кевин Андерсон (Јужна Африка) 4.295
7. Кеи Нишикори (Јапонија) 4.190
8. Доминик Тим (Австрија) 3.800
9. Џон Изнер (САД) 3.405
10. Стефанос Циципас (Грција) 3.175