Top Sport

Федерер го „здроби“ Албот, сега го чека пријателот Вавринка

Роџер Федерер ја продолжи апсолутната доминација на својот домашен турнир, Свис Индорс во Базел, откако со 6:0/6:3 го „збриша“ Молдавецот Раду Албот за да остане на добар пат за 10-та титула на турнирот.

Сонародникот на Федерер, Стен Вавринка остана со шанси за пласман на АТП финалето во Лондон, откако со 6:3/6:4 го совлада ветеранот Пабло Куевас со 10 аса и 30 директни победнички топки.

Вавринка, кој загуби во финалето во Антверпен од Енди Мареј во неделата, е на 15. место во трката за Лондон, а до крајот на редовната сезона останува уште Мастерсот во Париз следната недела. Шест од осумте места се осигурани. 34-годишниот Вавринка сега ќе игра со Американецот Френсис Тиафоу, а потоа „налетува“ на Федерер.

Шестиот носител, Давид Гофан, исто така е на пат за Лондон по 6:4/6:4 победата над Хрватот Марин Чилиќ. Гофан е на 10. место на АТП-трката и се бори со Италијанецот Матео Беретини (моментално осми) и Роберто Баутиста Агут (моментално деветти).

 

Scroll to Top