Роџер Федерер не успеа да го мине Новак Ѓоковиќ во полу-финалето на Австралија опен. Швајцарецот во 50 меч против Ѓоковиќ го доживеа 27 пораз.
Федерер, кој во претходните две рунди на волшебен начин успеа да ги победи Џон Милман и Тенис Сандгрен, против Ѓоковиќ немаше шанси иако подобро влезе во мечот.
Швајцареоцт имаше 1:4 и 0:40, а потоа и 2:5 и 0:3о но Ѓоковиќ го освои првиот сет.
„Страшно низ што се морав да мина денес. Имав само три отсто шанси за победа. Излегов и добро го отворив мечот. Никогаш не се знае, но кога сфатив дека не оди и дека не можам да победам беше многу тешко“, признал по поразот 38 годишниот Федерер.