Top Sport

Федерер ја доби првата директна пресметка со Серена!

Швајцарија беше подобар од САД со 2:1 во првото коло од Хопман купот во Перт, Австралија во интересен меч во кој првпат еден против друг беа две легенди на тенисот – Роџер Федерер и Серена Вилијамс.

Федерер ја започна новата година со импресивна 6:4/6:1 победа над младиот Френсис Тиафоу за да донесе водство за Швајцарија, пред Серена да се врати од сет негатива за 4:6/6:4/6:3 победа над Белинда Бенчич.

Во одлучувачкиот меч во двојки, Бенчич и Федерер беа подобри и со 2:0 (4:2/4:3(5)) ги совладаа Американците.

Scroll to Top