Top Sport

Варди го „казни“ Евертон во првиот новогодишен меч (видео)

Евертон продолжи со „топло-студено“, откако дома загуби од Лестер со 0:1, по катастрофалната грешка на одбраната на „карамелите“.

Првиот гол во 2019 година во Премиер лигата го постигна Џејми Варди, откако во 58. минута по грешка на одбраната на Евертон, доби одлична топка од Рикардо Переира за да го матира Џордан Пикфорд.

Со победата, Лестер се искачи на седмото место на табелата со 31 поен, додека Евертон е на разочарувачкото 10. место со 27 поени.

Scroll to Top