Изненадувачкиот пораз од Стефанос Циципас во осминафинато на Австралија опен го примора Роџер Федерер на уште поизненадувачка одлука – да настапи на Ролан Гарос првпат од 2015 година.
Последните три години Швајцарецот го избегнуваше гренд слемот на земјена подлога, за да биде „свеж“ пред Вимблдон, а покрај тоа таму секогаш имал мали шанси на победа, посебно со Рафаел Надал во добра форма.
20-кратниот гренд слем шампион победи на Франција опен во 2009 година, кога го совлада Робин Содерлинг во финалето.
„Тоа е голема желба. Сега сум во фаза во кариерата во која сакам да се забавувам и тоа ми недостасуваше. Оваа година не гледам потреба да правам голема пауза“, откри Федерер.
Фото: ЕПА
Сензација во Мелбурн! Циципас го исфрли Федерер и покрај „помошта“ од публиката! (видео)