Роџер Федерер мина уште една пречка на Ролан Гарос. Швајцарецот во три сета го елиминираше Каспер Руд од Норвешка.
Федерер лесно ги доби првите два сета 6:3, 6:1, во третиот Руд направи брејк имаше предност од 2:0, меѓутоа Швајцарецот брзо се врати во вистинскиот ритам и во тај-брејкот го доби сетот, а со тоа и мечот.
Во осмина-финалето Федерер ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Николас Мау и Леонардо Мајер.
Мечот на денот го одиграа Кеи Нишикори од Јапонија и Ласло Ѓере од Србија. Пласман во наредната рунда, по четири и пол часа игра избори Јапонецот.
Ѓере во петтиот сет имаше предност од два брејка (3:0) меѓутоа не успеа да го издржи притисокот.
Нишикори победи со 6:4, 6:7, 6:3, 4:6, 8:6.
Противник на Нишикори во осмина-финалето ќе му биде домашниот тенисер Беноа Пер.