Top Sport

Федерер на 37 години моќен: Беше исцрпувачки, но уживав во секој момент

Роџер Федерер ја доби 40-тата пресметка со Рафаел Надал во луди четири сета, по што се пласираше во своето 12. финале на Вимблдон, каде што ќе ја брка својата деветта титула против уште еден лут ривал, Новак Ѓоковиќ.

37-годишниот Швајцарец покажа фантастичен тенис, во исто време користејќи ги сите грешки на Надал, по што призна дека физичкиот напор бил огромен.

„Исцрпен сум! Беше навистина тешко да се заврши мечот. Рафа одигра некои неверојатни удари за да остане во мечот. Но, навистина уживав. Публикат беше фантастична. Имаше делови во мечот кога сервирав одлично и тоа беше клучно. Првиот сет беше многу важен“, изјави Федерер по мечот.

Сега, тој знае дека го чека тешка задача да ги одмазди двата порази во финалињата на „Ол Ингланд клубот“ од Ѓоковиќ.

„Новак играше многу добро против Баутиста Агут. Повторно е супериорен. Тој не е број 1 случајно, а во добра форма е цела година. Но, сега сум возбуден за да излезам повторно на теренот“, изјави Федерер.

Федерер ја доби тениската класика со Надал и закажа финале со Новак

Scroll to Top