Легендарниот освојувач на 20 гренд слем титули, Роџер Федерер вели дека напорниот календар на АТП и ВТА турнеите придонесува негативно на менталното здравје на тенисерите и тенисерките. 41-годишниот Федерер се повлече од спортот оваа година по повеќе од 20 години како професионален меч, и признава дека бркањето на победи и титули секоја недела има своја цена.
„Треба да покажеш сила, но ние не сме машини, туку сме обични луѓе. Кога некој тенисер ќе се пензионира млад, имам целосно разбирање за него. Го гледаме тоа од време на време и мислам дека е штета што ќе продолжи така. Турнејата е тешка – патувањето, тренинзите… Никој не смее да каже:’Денеска сум уморен’, бидејќи ако покажеш дека си слаб, ќе загубиш. Така остануваш со ментални проблеми“, вели Федерер при посетата на Јапонија.
За менталните проблеми во тенисот повеќе се зборува во последно време, откако Наоми Осака и Ник Кирјос признаа дека се мачат постојано, додека Австралијката Ешли Барти се пензионираше само два месеци откако ја освои титулата од Австралија на само 25 години. Федерер вели дека стриктниот анти-допинг режим, со кој тенисерите и тенисерките треба секојдневно да ги информираат анти-допинг властите каде се, не помага.
„Секој ден пополнуваш формулар за тоа каде ќе си еден час по полноќ во текот на денот. И мораш да бидеш свесен дека еден ден може да се појават токму тогаш. Таа мисла е постојано со тебе“, додава Федерер.