Top Sport

Лејкерс ги декласираа Вориорс, СА го решија Хјустон (Видео)

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс убедливо ги поразија Голден стејт Вориорс во претсезоната. Лејкерс, предводени од Леброн Џејмс славеа со 126:93. Вориорс беа без својот најдобар играч Стеф Кари, додека Клеј Томпсон отсуствува поради повреда. Изминатата ноќ дербито на Тексас им припадна на кошаркарите на Сан Антонио Спарс.

Лос Анџелес Лејкерс во првото полувреме стекнаа недостижна предност против Вориорс. По првата четвртина водеа 26:11, а во финишот на вториот период имаа 70:39.

Леброн Џејмс забележа 18 поени и 11 асистенции, 18 поени постигна и Ејвери Бредли, а Кевин Кук против својот поранешен клуб постигна 16 поени. Вориорс беа предводени од Дианџело Расел (23 поени).

Сан Антонио Спарс ги победија Хјустон Рокетс со 128:114. Двоцифрен број на поени кај Спарс постигнаа Ламаркус Олдриџ (22) и Дижонте Мареј (20). Ракетите ги предводеше Џејмс Харден со 40 поени, 10 скока и 7 асистенции.

Scroll to Top