Трикратниот освојувач на Вимблдон Борис Бекер одбил да го прогласи Роџер Федерер за најдобар играч во историјата на тенисот.
Германецот смета дека за тој статус конкурираат неколкумина тенисери.
„Гледајќи ја статистиката Роџер Федерер е најуспешен тенисер во историјата. Но, тоа може да се каже и за Род Лејвер, кој два пати освојувал календарски Гренслем. Да тој освоил помалку титули, но и неговата кариерата траела пократко. Генерално ова е многу дискутабилно прашање. Новинарите го сакаат Роџер, но не е лесно да го прогласите за најдобар на сите времиња. Во секој случај тоа е невозможно да се направи“, заклучил Бекер.
Германецот одговорил и на прашањето кој ќе биде следниот освојувач на Грен-слем трофеј, ако се изземат членовите на „големата тројка“.
„Јас би го одбрал Саша Зверев. Многу му помогнав во текот на три години, добро ги знам неговите можности“, изјавил Бекер.