Роџер Федерер лесно се пласираше во четврт-финалето на Австралија опен по победата над Мартон Фучович, по што не можеше да се возддржи во интервјуто по мечот поради фактот што следен противник му е тенисерот со „најтениското“ име – Американецот Тенис Сандгрен.
Во интервјуто со легендарниот Џон Мекинро, Федерер не можеше да се возддржи од лоши шеги на сметка на името на противникот.
„Знаете, во кариерата сум играл многу тенис, но никогаш не сум играл против Тенис“, изјави Федерер, по што за негова среќа Мекинро го прекина интервјуто.
Federer: I’ve never played against Tennys…….. Oh man ???
That must be one of John’s best on court interview with Roger. pic.twitter.com/pWOeNBDBJR— Lola Longfield (@TitanRFederer) January 26, 2020