Роџер Федерер е во третото коло на САД опен, откако со 7:5/6:4/6:4 го совлада Французинот Беноа Пер, за да остане на добар пат за вториот гренд слем трофеј оваа година и 21. во кариерата.
Следен за Федерер е Австралиецот Ник Кирјос, кој имаше „сликовит“ пат до третото коло (видете го линкот подолу)
Четвртиот носител, Александер Зверев пак, експресно влезе во третото коло со 6:4/6:4/6:2 победа над францускиот ветеран Никола Мау. 21-годишниот Германец ги искористи своите пет брејк поени и имаше 10 аса и 18 директни победнички топки во мечот кој траеше час и 49 минути.
Следен за него е неговиот германски сонародник, Филип Колшрајбер, кој се врати од сет негатива за 6:7(3)/6:3/6:2/6:0 победа над Австралиецот Метју Ебден.
Кај дамите, четвртата носителка, Анџелике Кербер го спречи кам-бекот на Швеѓанката Јохана Ларсон за 6:2/5:7/6:4 победа. Шампионката од 2016 година го освои првиот сет и водеше со 5:2 во вториот, кога почнаа да се јавуваат проблеми во играта на Германката поради жештината и таа загуби пет гема во низа. Паузата од 10 минути пред третиот сет ја врати силата на Кербер, која направи еден брејк за пласман во третото коло.
„Игравме на високо ниво од првиот поен и мечот беше решен со поен или два“, вели Кербер, која сега игра со 29. носителка, Доминика Цибулкова.
Бизарности во Њујорк! Судијата му одржа лекција на Кирјос, по што тој победи (видео)