Top Sport

Федерер: Не знам дали ќе играм во Рим

Роџер Федерер, по елиминацијата од Мастерсот во Мадрид, изјавил дека се уте не знае дали ќе учествва на Мастерсот во Рим кој започнува в понеделник и дополнил дека е задоволен од својата игра и покрај поразот од Доминик Тим во четврт-финалето.

Доминик Тим по два часа и 12 минути го победи Федерер во три сета откако Швајцарецот пропушти две меч топки.

„Најважно е што сум дел од ждрепката во Рим, а одлуката дали ќе учествувам ќе ја донесам викендов. Морав да видам како се ова ќе заврши. Се уште размислувам не сум сигурен дали ќе играм или не“, рекол Федерер.

Турнирот во Мадри беше првиот за Федерер на земјана подлога по пауза од три години.

Scroll to Top