Top Sport

Ракитиќ пред трансфер во Интер

Фудбалерот на Барселона, Иван Ракитиќ е на чекор до трансфер во Интер, тврдат шпанските медиуми. Како што наведуваат трансферот е „тежок“ 50 милиони евра.

Ракитиќ се наоѓа на мета на навивачите на Барселона по шокантната елиминација од Ливерпул, во полу-финалето во Лигата на шампионите. Хрватот одигра лош натпревар во вторникот, а гневот на фановите дополнително го навлече откако во средата бил на карневалот во Севилја.

31 годишниот фудбалер во 2014 година токму од Севилја се пресели во Барселона. Со блауграна има освоено 13 трофеи, вклучувајќи го и оној во Лигата на шампионите во 2015 година. Тогаш Ракитиќ го постигна првиот гол во финалето против Јувентус.

Scroll to Top