Роџер Федерер на 37 години не сака да ветува дека ќе игра на било кој турнир следната сезона, но швајцарскиот „Маестро“ вели дека е воодушевен од поддршката која ја доби и покрај бруталниот пораз во три сета во полуфиналето на Ролан Гарос од Рафаел Надал.
Сепак, Федерер вели дека има надеж.
„За мене ова беше голем турнир и навистина уживав. Поддршката од публиката не можеше да биде подобра. Можеби најдобра во целата моја 20-годишна кариера ако зборуваме за гренд слем турнирите. Тие секогаш беа тука за мене, навиваа на тренинзите, на мечевите и кога и да се појавев. Се изненадив и самиот себеси што стигнав до полуфиналето. Следната година? Како и со секој турнир, навистина не знам. Ќе видиме што ќе се случи, но дефинитивно уживав на Ролан Гарос и тоа може да ме мотивира повеќе“, вели Федерер.
Just listen to this standing ovation from the French fans ??
?: @Eurosport_UK | @rogerfederer | #RG19pic.twitter.com/kjXRtEvm1A
— ATP Tour (@ATP_Tour) June 7, 2019