Роџер Федерер денеска беше посебен гостин на подготвителниот турнир за Вимблдон во Хале, Германија, каде што неизбежно беше прашањето кое стана актуелно во последно време за тоа кој е најдобриот тенисер на сите времиња.
Новак Ѓоковиќ неодамна освои уште една гренд слем титула, откако со победата на Ролан Гарос стигна до 23. гренд слем трофеј, поминувајќи го Рафаел Надал со 22, додека „пензионерот“ Федерер остана на 20. На прашање дали Ѓоковиќ е „најдобриот на сите времиња“ или популарниот G.O.A.T. (Greatest of All Time), тој даде интересен одговор.
„Тоа е тешко да се каже. Неодамна кажав на еден пријател, што е подобро: да се освои Вимблдон на 17 години како Борис Бекер, или Париз на 36 како Новак? Не знам. Тоа што тој го оствари е апсолутно гигантско. Можеби ќе биде доволно. Но, додека Рафа уште игра, не можете да го кажете тоа дефинитивно. Има и други рекорди кои никогаш нема да се срушат. Но, секако, Новак остави печат секаде, остана без повреди и со постојаност која не беше видена порано. Во секој случај, тој е на прекрасен пат, и изгледа дека може да продолжи да го прави ова“, вели Федерер.
Simon Graf, Fed worshiper #LT:
“Federer talks about why he doesn’t call Novak Djokovic the greatest.”“What he’s achieved is absolutely gigantic. It might do. But I think as long as Rafa is still playing, you can’t answer that definitively.”
Only after 😉https://t.co/oIirQI0ANb pic.twitter.com/bhmEsbvWnY— C Kristjánsdóttir ●🐊 (@CristinaNcl) June 21, 2023