Роџер Федерер открил дека плачел по поразот од Новак Ѓоковиќ во финалето на годинешниот Вимблдон.
Федерер и Ѓоковиќ одиграа епско финале, кое му припадна на српскиот тенисер со 3-2 во сетови по речиси пет часа борба.
Швајцарецот имаше можност за победа, но при резултат 8:7 не успеа да искористи две меч топки. На крајот Ѓоковиќ петтиот сет го доби во супер-тајбрејкот со 13:12.
„Кога плачев последен пат? Пред два месеци на Вимблдон. На теренот и при доделувањето на пехарите успеав да ги задржам солзите. Потоа заминав во соблекувалната и на првиот коментар ‘немаше среќа, беше толку блиску’…се скришив и пуштив некоја солза“, признал Швајцарецот во интервју за „Газета дело Спорт“.
Интересно интервјуто за „Газета дело Спорт“ го работела славната скијачка од САД, Микаела Шифрин.