Емоционалниот Роџер Федерер не можеше да ги контролира солзите кога беше запрашан за еден од неговите први тренери, Австралиецот Питер Картер.
Швајцарецот вели дека неговата техника била напредната токму под водство на Картер додека раснел во Базел, но една година пред да го освои својот прв Вимблдон во 2003 година, Картер загина во сообраќајна несреќа додека беше на „меден месец“ во Јужна Африка на само 37 години.
Федерер останува близок со семејството на Картер и неговите родители честопати се во „боксот“ на Австралија опен со сите платени трошоци. Во интервју за „Си-ен-ен спорт“ направено минатиот месец во Дубаи, Федерер мораше да сопре кога беше запрашан што би мислел Картер за неговиот успех и 20-те гренд слем титули.
„Извинете. Ох, човеку, колку ми недостасува. Се надевам дека ќе беше горд. Никогаш не сум загубил контрола вака. Тој само сакаше да не бидам залудно потрошен талент. Кога загина, почнав да тренирам повеќе“, изјави Федерер.
Roger Federer’s inspirational former coach died in a car crash on his honeymoon in 2002.
Nearly two decades on, Federer still gets emotional when he talks about Peter Carter.
Our exclusive interview: https://t.co/AJM6UXgt6H pic.twitter.com/g9aiylaKy8
— CNN Sport (@cnnsport) January 7, 2019