Роџер Федерер е оженет со Мирка Вавринец од април 2009 година, и сега признава дека никогаш не бил во татковината на сопругата, Словачка.
Мирка е родена во Бојнице во 1978 година, но кога имала само две години, нејзините родители се преселени во Швајцарија. Роџер и Мирка имаат четири деца, и Швајцарецот призна дека требал барем еднаш да ја посети Словачка во долгото време во кое се заедно.
„За жал не сум патувал често таму. Играв пред неколку години во Дејвис купот, во февруари бев да го промовирам Лејвер купот, а бев во Прага и за турнирот. Знам, дека е ужасно што не отидов . Да не зборуваме веќе за тоа“, изјави Федерер.