Враќањето на омилената тревната подлога за Роџер Федерер за малку ќе завршеше неславно, откако на Хале опен, освојувачот на 20 гренд слем титули се намачи за да стигне до 7:6(4)/7:5 победа над Белорусинот Иља Ивашка, 27-годишен тенисер кој поголемиот дел од својата кариера ја игра на Челенџ турнирите.
Федерер има неверојатни 10 титули од германскиот турнир, кој му е постојана станица за подготовка за Вимблдон, и убаво се испоти да го елиминира противникот, но по малкуте натпревари оваа сезона, можеби му беше потребен баш ваков тест.
Следен за Швајцарецот е подобриот од мечот помеѓу канадскиот тинејџер Феликс Оже-Алијасим и Полјакот Хуберт Хуркач.