Top Sport

Федерер се намачи против Ивашка во Хале

Враќањето на омилената тревната подлога за Роџер Федерер за малку ќе завршеше неславно, откако  на Хале опен, освојувачот на 20 гренд слем титули се намачи за да стигне до 7:6(4)/7:5 победа над Белорусинот Иља Ивашка, 27-годишен тенисер кој поголемиот дел од својата кариера ја игра на Челенџ турнирите.

Федерер има неверојатни 10 титули од германскиот турнир, кој му е постојана станица за подготовка за Вимблдон, и убаво се испоти да го елиминира противникот, но по малкуте натпревари оваа сезона, можеби му беше потребен баш ваков тест.

Следен за Швајцарецот е подобриот од мечот помеѓу канадскиот тинејџер Феликс Оже-Алијасим и Полјакот Хуберт Хуркач.

Scroll to Top