Top Sport

ТдФ: Квјатковски и Карапаз заедно на целта, Роглич на чекор до победата

Британскиот Тим Инеос имаше фантастичен ден на Алпите, откако Полјакот Михал Квјатковски и Еквадорецот Рикард Карапаз заедно влегоа на целта по 18. етапа на Тур де Франс, додека зад нив Примож Роглич дојде на чекор до победата во генерален пласман, од која го дели планинската етапа на хронометар.

Инеос „бркаа“ етапна победа на трката откако нивниот лидер и актуелен шампион Егон Бернал се откажа од трката на 16. етапа, и ова може да биде добра утеха. Квјатовски ја запиша победата, но Карапаз имаше поголем ден откако се искачи на прво место во пласманот за Кралот на планините.

Зад Квјатковски и Карапаз, тимот на Роглич успеа да го прати Вут ван Ерт на третото место со спринт, за да спречи некој од ривалите на Словенецот да добие бонус секунди во генерален пласман.

Scroll to Top