Top Sport

Потег за почит-Кежман на болен другар му дал 500.000 евра за операција

Поранешниот српски фудбалер, Матеја Кежман досега платил повеќе од 500.000 евра за лекување на свој пријател кој боледува од ретка форма на Фабриева болест. Кежман на раководството на приватна клиника во Русија им рекол да направат се што треба само да му помогнат на пријателот да ја победи болеста. Екс-фудбалерот во болницата имал отворена сметка кој ќе го подмири по завршувањето на лекувањето.

Пријателот на Кежман дал кратка изјава за српските медиуми, па објаснил дека неговото лекување е во почетна фаза.

„Пред еден месец ми соопштија дека имам тежок облик на Фабриева болест. Тоа е како да имам 10 канцери наеднаш. Лекувањето задолжително се врши во странство, затоа што во Србија докторите немаат искуство со оваа болест. Сите анализи ги направив во Германија, а сега сум во Русија затоа што само овде можам да ја продолжам терапијата. Оваа болест не може да се излечи, но може да се продолжи животот за одреден период. Матеја е многу потресен, секогаш е покрај мене, иако за некој ден повторно треба да стане татко. Откажа важни состаноци за да биде со мене, овде во Русија и да ми се најде во оваа неприлика“ – раскажал пријателот на Кежман.

Овој тип на болест поради чудните симптоми доцна се открива, а го скратува животниот век за 20 години. Фабриевата болест ги погаѓа срцето, бубрезите, мозокот и очите.

Оваа болест се јавува кај еден од 40.000 мажи и кај една од 20.000 жени.

Scroll to Top