Top Sport

Федерер се врати на тренинзи!

Роџер Федерер можеби има 41 година и е отсутен од тенисот повеќе од една година, но изгледа дека е на добар пат да го направи камбекот на терените следниот месец, откако објави видео од неговите тренинзи во неделата.

Швајцарскиот освојувач на 20 гренд слем титули наполни 41 гоина на 8 август, а последниот меч му беше порзот во четврт-финалето на Вимблдон од Хуберт Хуркач минатата година, по што беше на трета операција на коленото во последните две години. Сепак, тој уште не се пензионирал од тенисот и треба да игра на егзибицискиот Лејвер куп во Лондон од 23 до 25 септември, заедно со Рафаел Надал, Енди Мареј и Новак Ѓоковиќ.

Федерер исто така е пријавен за својот домашен Свис индорс во Базел (24-30 октомври), каде што има освоено 10 титули.

Scroll to Top