Роџер Федерер вели дека е „далеку од најдобрата игра“, иако лесно со 6:4/6:3 го совлада Италијанецот Фабио Фоњини и се пласираше во четврт-финалето со само еден одигран меч на Мастерсот во Париз.
Федерер стартуваше од третото коло, откако имаше слободно прво коло, а потоа Милош Раонич се повлече од мечот од второто коло, за да обезбеди дуел со Фоњини, кој има одлична сезона во која освои три АТП титули. 37-годишниот Швајцарец лесно го мина Италијанецот, но не беше импресиониран од својата игра.
„Не можете да очекувате премногу бидејќи ова беше како прво коло за нас. Јас и Фабио не игравме оваа недела, така што немаше ритам, а тука во оваа сала има електрицитет и сите сакаат да гледаат врвен тенис. На крајот, двајцата се потрудивме“, изјави Федерер.
Откако го доби мечот, Федерер не ги заборави ниту своите верни фанови и помина време со нив потпишувајќи автограми.
Merci x 1000#RolexParisMasters @rogerfederer pic.twitter.com/He8NCmW37C
— ROLEX PARIS MASTERS (@RolexPMasters) November 1, 2018