Top Sport

Федерер со Надал за крај на кариерата

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер ќе го одигра последниот професионален меч во кариерата во двојки на Лејвер купот.

На Федерер ќе му се исполни желбата, последниот меч ќе го игра заедно со Рафаел Надал. Федерер и Надал, утре од 19 часот ќе играат против Френсис Тијафо и Џек Сок.

„Јасно е дека најубавото нешто би било тука да играме двојки со Надал, бидејќи тоа беше навистина големо ривалство“, изјави Швајцарецот и истакна дека е нервозен бидејќи долго време не играл.

Тој откри и зошто избрал да се збогува со белиот спорт во Лондон.

„Лејвер купот ќе биде мојот последен турнир. Чувството е добро. Мислам дека тоа е прекрасно место. Ќе го имам Бјорн Борг за капитен, можете да замислите колку ми значи тоа. Навистина е посебно да се прави сето ова овде во Лондон, градот во кој освоив два финални мастерси и осум Вимблдони.“

Scroll to Top