Top Sport

Кивијор во јануари од Специја ќе се пресели во Милан

Милан го договорил првото засилување во јануарскиот преоден рок. За новиот играч, како што пишуваат полските медиуми, Милан ќе издвои 18.000.000 евра.

Штом ќе започне зимскиот преоден рок, Јакуб Кивијор од Специја ќе се пресели на „Сан Сиро“.

Полјакот е подеднакво добар на позицијата стопер и како последен играч за врска, кои се места каде на Милан навистина му требаат засилувања.

Кивијор има само 22 години, а во Специја дојде во август минатата година од словачка Жилина за 2.200.000 евра.

Scroll to Top