На Роџер Федерер му беа доволни само два брејка да го победи својот голем ривал Новак Ѓоковиќ со 6:4/6:3 и да обезбеди пласман во полуфиналето на АТП финалето во Лондон, во исто време елиминирајќи го Србинот.
Откако двајцата го победија Матео Беретини во два сета, а загубија од првопласираниот Доминик Тим во групата „Бјорн Борг“, нивниот 49-ти дуел во кариерите одлучуваше кој ќе оди во полуфинале и тоа најверојатно на Гркот Стефанос Циципас. Со оваа победа, Федерер го забележа својот 23. триумф против Ѓоковиќ.
Швајцарецот ќе го продолжи обидот да стигне до својата рекордна седма Мастерс куп титула во кариерата, додека Србинот останува на пет трофеи од елитниот турнир за најдобрите осум на светот.
Wimbledon: Avenged ?@rogerfederer downs Djokovic 6-4 6-4 to make the #NittoATPFinals semi-finals for a 15th (?) time! pic.twitter.com/yim6y40fnC
— Tennis TV (@TennisTV) November 14, 2019