Роџер Федерер вели дека мотивацијата за тенис уште е присутна кај него, но дека ќе мора да почека до април да дознае дали е можно враќање на тениските терени.
40-годишниот освојувач на 20 гренд слем титули е во аут од август 2021, кога реши да оди на нова операција на проблематичното колено, и иако уште не е официјално пензиониран, многу тениски фанови веруваат дека веќе сме го виделе последното од швајцарскиот „Маестро“.
Сега, во разговор со неговите спонзори „Кредит Свис“, тој објасни каква е ситуацијата.
„Чувствувам дека ќе знам многу повеќе во април, кога ќе видиме како телото ќе ми реагира на тренинзи. Досега не ми беше дозволено ниту да трчам, или да работам во вежбална со тегови и скокови. Тоа ми е потребно за да се вратам на тениските терени, така што подобар одговор ќе имам во април или мај. Желбата уште е тука, мотивиран сум да работам, но само тоа што ми е дозволено“, вели Федерер.