Холандската атлетичарка Фемке Бол го собори светскиот рекорд во сала на 400 метри. Јармила Краточвилова го држеше 41 година, а новото најдобро време досега истрчано е 49,26 секунди. Рекордот е подобрен за дури 33 стотинки.
Бол го постигна рекордот на холандското првенство во Апелдорн, само една недела откако за првпат во кариерата истрча под 50 секунди (49,96 секунди).
Минатата година Фемке Бол освои седум медали на три големи натпреварувања. Таа блесна на Европското првенство во Минхен, каде што стана првата личност во историјата која ги споила златните медали на 400 метри и 400 метри со пречки.