Ватерполистите на Ференцварош ја освоија титулата во Лигата на шампионите. На завршниот турнир што се играше во Хановер тие во финалниот меч, по изведувањето на пенали го победија тимот на Олимпијакос.
Во регуларното време и по продолженијата натпреварот заврши со резултат 10:10, а по изведувањето на пенали Ференцварош победија 5:3. Српскиот репрезентативец Стефан Митрофиќ со три гола го предводеше Ференцварош, додека пола од головите на Олимпијакос ги постигна Константинос Генидунијас.
Во мечот за третото место Про Реко ја победија Барселонета со 8:7, а петтото место им припадна на ватерполистите на Југ. Тие со 13:12 ја победија Бреша.