Top Sport

Фјури доби 40 конци на главата, па отиде во казино и освои 5 илјади долари

Тајсон Фјури доби над 40 конци на двете опасни исеченици над окото кои ги доби при победата над Ото Валин во Лас Вегас, по што веднаш бил на прослава во локалните казина, каде што освоил 5 илјади долари и „испил неколку пива“.

31-годишниот Британец доби исеченица над окото во третата рунда против малку познатиот Швеѓанец по судир со главите, но доминираше во последните рунди за победа и за доближување до ри-меч со ВБЦ шампионот Дионтеј Вајлдер. За „Би-би-си“ тој ја објасни процедурата по мечот.

„Бев во болница, добив неколку конци, па отидов дома да одморам. Но, бргу станав, отидов во казиното, освоив 5 илјади, испив неколку пива и сега повторно ќе одам на пиво“, вели Фјури.

И покрај опуштениот став и опасните исеченици, тој вели дека нема да има проблем а мечот во февруари со Вајлдер.

„Јас сум подготвен за војна. Колку конци имаше? Над 40 на двете исеченици. Но, слушајте, океј сум, тоа е боксот. Не можеш да одиш на пливање и да не се намокриш. Тоа е спортот“, вели Фјури.

Фјури со „крвава“ победа над Валин во 12 рунди (видео)

Scroll to Top