Top Sport

Јокиќ не може сам, Нагетс поразени од Оклахома (Видео)

Кошаркарите на Денвер Нагетс забележаа пораз во првиот меч што го одиграа по Ол стар викендот. Оклахома Тандер славеа против Тандер со 113:101. Поразот на Нагетс не можеше да со пречи ниту Никола Јокиќ.

Српскиот центар одигра одличен натпревар, постигна 11 од првите 17 поени на својот тим, полувремето го заврши со 19 поени, а на крајот имаше 32 коша, седум скока, пет асистенции и по една блокада и украдена топка.

Јокиќ промаши само три обиди од поле, но не доби поддршка од соиграчите. Двоцифрен ефект кај Нагетс имаа уште само Џамал Мареј (21 поен) и Вил Бартон (16).

Нагетс со скор 38/18 се втори на Западот, додека Оклахома со 34/22 се на шестата позиција.

До победата над Денвер Оклахома ја предводеа ветеранот Крис Пол со 29 поени и по четири скока и асистенции, Стивен Адамс со 19 поени и 17 скока, односно Данило Галинари со 15 поени.

Резултати:

Вашингтон-Кливленд 108:113
Њујорк-Индијана 98:106
Торонто-Финикс 118:111
Минесота-Бостон 117:127
Јута-Сан Антонио 104:113
ЛА Лејкерс-Мемфис 117:105
Портланд-Њу Орлеанс 115:128

Scroll to Top