Top Sport

Фјури го потврди новиот боксерски спектакл – дуел со Чисора

Британскиот боксер Тајсон Фјури објави дека на 3 декември во Лондон по третпат ќе боксува против сонародникот Дерик Чисора. Фјури (34) ќе ја брани титулата на ВБЦ во тешка категорија на стадионот на Тотенхем во Лондон. Тоа ќе биде нивна трета борба, а Фјури победи во претходните две, во 2011 и 2014 година, објави „Би-Би-Си“.

Фјури е без пораз во 32 борби, а 38-годишниот Чисора, кој е при крај на кариерата, во последните четири меча загуби трипати.

Чисора влегува во мечот по победата против Кубрат Пулев во јули, а Фјури го победи Дилијан Вајт во април.

По таа победа тој најави крај на кариерата, но се предомисли и неуспешно се обиде да организира борба против Ентони Џошуа.

Фјури сака и борба против Украинецот Олександр Усик за сите преостанати титули во тешка категорија – ВБО, ВБА и ИБФ. Се очекува борбата да се одржи на почетокот на следната година.

Scroll to Top