Тајсон Фјури го имаше својот најдобар меч во боксерската кариера, за повторно да стане светски шампион во бокс, нокаутирајќи го Дионтеј Вајлдер во седмата рунда од римечот во Лас Вегас.
Британецот го „здроби“ својот ривал на начин на кој малкумина очекуваа по ремито во 2018 година, праќајќи го на подот во третата и петтата рунда, поигрувајќи се со човекот кој многумина го сметаа за боксерот со најмоќен нокаут на светот.
Публиката во „МГМ Арената“ во Лас Вегас не можеше да верува кога Фјури со комбинација го прати Вајлдер на подот во третата рунда, а Фјури направи сѐ што ветуваше – менувајќи го својот стил со избегнување удари за вистинска доминација до седмата рунда.
Со оваа победа, Фјури станува шампион првпат од 2015 година, кога го шокираше светот со победа над Владимир Кличко, освојувајќи го ВБЦ појасот. Сега, тој има договор за трет меч со Вајлдер, иако многумина би сакале британска пресметка за апсолутната титула во тешка категорија со Ентони Џошуа.
„Им кажав на сите дека ’Џипси кинг’ ќе се врати на тронот. Ме отпишаа по последниот меч, но јас сум човек од збор. Му кажав и на Вајлдер дека одам на нокаут. Јас зборувам вака бидејќи имам позадина. Очекувам трет меч со Вајлдер, бидејќи е воин и знам дека ќе ме чека“, вели Фјури.
Tyson Fury ?? stops Deontay Wilder and becomes the best Heavyweight in the world ? ? #WilderFury2 pic.twitter.com/qH5SSeOe72
— shezi_media (@Shezi49814476) February 23, 2020