Top Sport

Трагедија во семејството Шифрин, почина таткото на скијачката (фото)

Џеф Шифрин (65), таткото на најдобрата светска скијачка, Микаела Шифрин почина во болница во Денвер. Тој доживеал незгода во нивниот дом во Едвардс, па сите напори на лекарите да му го спасат животот биле неуспешни.
Микаела не крие колку татко и и значи во кариерата.

„Моето семејство е скршено. Замина нашиот сакан татко, нашата планина, океан, душа, нашето се“ напиша Микаела на Инстаграм.

Инаку Џеф по занимање бил анестезиолог, но и екс-скијач, па Микаела од него ја наследила љубовта кон овој спорт. Се уште не се познати детали за несреќата.

„Кажете им на сите колку ги сакате, направете го тоа веднаш, ве молам. Не научи толку вредни лекции, а тоа е нешто кое засекогаш ќе го носам во себе“ – објави Американката.

По загубата на таткото, Микаела решила да направи пауза од скијањето.

Scroll to Top