Top Sport

Фјури се потсмева со Џошуа: Голем фајтер? Па, тебе те победи дебелко!

Тајсон Фјури очигледно ја почна „војната на зборови“ со својот британски ривал Ентони Џошуа пред договорените два мега-меча во 2021 година, потсмевајќи се со неговото тврдење дека е „голем модерен фајтер“, посочувајќу му на поразот од мексиканскиот „дебелко“ Енди Руиз Јуниор.

Џошуа, кој кај себе ги има четирите појаси во тешка категорија, додека последниот е кај Фјури, сподели фотографија од тренинг со порака: „Голем модерен фајтер кој може да се натпреварува во секоја ера“.

Ова беше доволно за Фјури, кој претходно го нарекуваше Џошуа „бодибилдер без талент“.

„Голем? Мојот газ! Те нокаутираше дебело дете кое се појави на меч со три недели тренинг. Одличен си во тоа да изгледаш добро на фотографии, тоа е сигурно“, напиша Фјури со бакнеж на крајот.

Scroll to Top