ВБЦ шампионот во тешка категорија, Тајсон Фјури тврди дека Мајк Тајсон му барал над 500 милиони фунти за езгибициски меч со него, но Британецот вели дека мислел дека тој се шегува со оваа сума.
31-годишниот Фјури и претходно изјави дека добил понуда од „Челичниот“ за меч, но сега признава дека кога почнало да се бори за пари, работите се искомпликувале.
„Да, имаше разговор за тоа, за потенцијален Тајсон-Тајсон меч. Неговите луѓе ме контактираа, по што се слушнав на телефон. Тие што нудеа пари, нас ни нудеа кикиритки. Мајк зборуваше за 500 милиони фунти, но тоа што го добивме на хартија беше шега. Имав понуда од 10 милиони долари од ’ЕСПН’ за меч, но мислам дека сите одиме понатаму“, вели Фјури.
Сумата за која зборувал Мајк Тајсон би ги срушила сите рекорди во историјата на боксот, откако се верува дека најскапиот меч во историјата беше тој на Флојд Мејведер Јуниор против Конор Мекгрегор, од наводни 275 милиони долари. Фјури вели дека не би добил многу од мечот.
„Би сакал да го видам како се движи во рингот, но луѓето и така би кажале дека се работи за глупост, бидејќи би бил во ринг со 53-годишен човек“, објаснува Британецот.