Трилогијата на мечеви помеѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер ќе се комплетира во Лас Вегас на 19 декември оваа година, објавува „Топ ренк“ промотерската куќа.
34-годишниот Вајлдер имаше среќа што првиот меч со 31-годишниот Британец Фјури заврши без победник, пред во февруари Фјури двапати да го прати на подот пред да му ја одземе ВБЦ титулата во тешка категорија. Сега, Фјури по третпат ќе мора да го надбоксува Вајлдер за следната година да се оддржат два меча со Ентони Џошуа.
„Се фокусираме на 19 декември и на нормална ситуација, можеби со 50 отсто капацитет на гледачите“, вели Бред Џејкобс од „Топ ренк“.