Top Sport

Фјури замина во пензија: Сакам да му посветам на семејството

Британскиот боксер, Тајсон Фјури, неколку дена по мечот со Дилан Вајт, ја отфрлил можноста да се врти во рингот. Фјури, во неделата, со нокаут во шестата рунда го победи Вајт и ја одбрани титулата во ВБЦ верзијата.

По неговата победа медиумите започнаа да шпекулираат дека тој би можел да се бори против Олександер Усик или Ентони Џошува за обединување на сите титули во професионалниот бокс.

„Речиси 100.000 луѓе на Вембли, победа со нокаут. „Кралот на Циганите“ нема да биде заборавен, никаква материјална добивка или пари нема да влијаат на одлуката да се пензионира“, изјави Фјури.

Британецот истакнал дека е среќен и здрав и дека ужива во семејниот живот.

“Имам убава сопруга и шест деца. Имам не знам колку појаси и многу пари. Имав многу успеси и слава. Што повеќе би можел да имам?”, додаде 33-годишниот боксер. .

Фјури до последната победа во кариерата дојде на крајот од шестата рунда.

„Боксот е многу опасен спорт. Можете да бидете нокаутирани со еден удар, како што видовме во саботата. Еден удар може да биде доволен човек да не може да се опорави”, изјави Фјури.

Тој го потенцираше фактот дека е само вториот светски шампион во тешка категорија, кој непоразен заминал во пензија.

„Не се работи за пари. Многу луѓе се грижат само за парите. Имам доволно пари за се што ми треба. Со боксот десет години патувам низ светот. Кога ќе одвојам време да бидам татко, сопруг, брат и син? Треба да имам време за себе “, заклучи Фјури.

Британецот во кариерата забележа 32 победи и едно реми.

Scroll to Top