Шпанскиот ветеран, Фернандо Вердаско, го елиминираше Британецот Енди Мареј, во второто коло на Флешинг Медоуз. Вердаско го победи Мареј во четири сета 7:5, 2:6, 6:4, 6:4.
Поранешниот број 1, сега се наоѓа на 382.место на АТП листата, полека ја враќа формата по долгата пауза, но очигледно психички е далеку од нивото на кое беше додека се наоѓаше меѓу најдобрите петмина во светот.
Вердаско во третото коло за противник ќе го има Хуан Мартин дел Потро. Аргентинецот во три сета (6:3, 6:1, 7:6) го победи Денис Кудла.
Тешка задача во второто коло имаше Доминик Тим од Австрија. Тој дури по три часа и 40 минути, во пет сета, го победи Американецот Стив Џонсон (6:7, 6:3, 5:7, 6:4, 6:1). Австриецот во наредното коло ќе игра против Тејлор Фриц, на кого Кублер му го предаде мечот во четвртиот сет.
На другите мечеви Кевин Андерсин славеше со 3-0 (6:2, 6:4, 6:4) против Жереми Шарди од Франција, Денис Шаповалов во пет сета (6:4, 4:6, 5:7, 7:6, 6:4) го победи Андреас Сепи, а Карен Хачанов го елиминира сонародникот на Сепи, Сонег со 3-0 (7:5, 6:3, 6:3).
Нареден противник на Бугаринот Хачанов ќе биде првиот носител на турнирот, рафаел Надал. Шпанецот без проблеми го совлада Канаѓанецот Васек Поспишил со 3-0 (6:3, 7:5, 6:2).