Швацарецот Беат Фојц го одбрани малиот Кристален глобус во спуст, откако на последната трка сезонава во оваа дисциплина го освои шестото место.
На трката во Солде, Андора, победи Италијанецот Доминик Парис со време 1:26.0 минути, пред Кјетил Јансур од Норвешка и Отмар Штридингер од Австрија.
Парис сезоната ја заврши со четири победи во спуст.
Инаку, пред трката на Фојц му беше потребен пласман до 12 место за да ја одбрани титулата. Швајцарецот заврши шестти со 64 стотинки послабо време од она што го постигна Парис.
Интересно,Фојц го освои малиот Кристален глобус во спуст, иако сезонава победи само еднаш во оваа дисциплина. Титуата ја освои бидејќи на последните 13 трки 11 пати беше втор или трет.