Top Sport

Фоњини: Судија играм против двајца

Фабио Фињини бесен го напушти централниот терен во Индијан Велс. Италијанскиот тенисер, со пресврт, загуби од Стефанос Циципас. Фоњини го доби првиот сет со 6:2, потоа Циципас возврати со 6:3, 6:4.

Фоњини во текот на мечот неколку пати му се пожалил на судијата дека Циципас добива совети од трибните. Судијата ги игнорирал поплаките, сметал дека не станува збор за „коучинг“. Според него Апостолос Циципас, навивал и го охрабрувал својот син на теренот.

„Играме 2 на 1“, се жалел Фоњини.

„Мислам дека не е „коучинг“, туку му дава поддршка“, одговорил судијата.

Циципас во осмина-финалето ќе игра против Алекс Де Минор.

Scroll to Top