Top Sport

Франција и САД во финалето на одбојкарската Лига на нации

Олимпискиот првак Фрација ќе ги одмери силите против селекцијата на Соединетите Американски Држави во финалето на одбојкарската Лига на нации. „Триколорите“ вечерва во Болоња ја декласираа Италија со 3:0 во сетови. Можеби тоа никој од домашните фанови не го очекуваше, но француските одбојкари беа доминантни во секој поглед.

Првиот сет го добија со 25:22, а потоа полека се кршеше отпорот на Италијанците. Вториот сет го доби уште полесно Франција со 25:20, а во третиот ги декласира „аѕурите“ со 25:15.

Соединетите Американски Држави претходно славеа со 3:0 во сетови против Полска. Првиот сет им припадна со 25:22, најголема борба имаше во вториот сет (25:23), а третиот беше еднонасочна улица (25:13).

Во борба за третото место ќе се сретнат поразените селекции на Италија и на Полска.

Scroll to Top