Top Sport

Француската жандармерија со потрага по жената која предизвика хаос на ТдФ

Француската полиција преку објава на Фејсбук се обидува да ја идентификува и да ја пронајде жената која предизвика еден од најголемите падови во историјата на Тур де Франс и за што дури може да и биде одредена затворска казна.

Жандармеријата преку својата Фејсбук страница ја бара жената која стоеше со знакот на патот на првата етапа во саботата, кога Германецот Тони Мартин се удри во неа, предизвикувајќи пад на над 20-тина велосипедисти.

„Гледачот кој го предизвика инцидентот си замина од сцената пред да пристигне полицијата. Таа јасно ја загрози безбедноста на сите“, се вели во објавата на Жандармеријата.

Претходно, Тур де Франс најави дека ќе ја тужи жената.

Scroll to Top