Ретко кога во еден ден се рушат два атлетски светски рекорди ако не се работи за натпреварување на СП или на Олимпијадата. Но, неделава, по светскиот рекорд на Елиуд Кипчоге во маратонот (помалку очекуван), додека вистинскиот подвиг – рушење на светскиот рекрод во десетобој од страна на светскиот шампион Французинот Кевин Маер.

Маер на „Декастар“ митингот во Таленс во неделата постигна неверојатни 9.126 поени по десет дисциплини, откако му беа потребни 4:49 на 1.500 метри да го сруши рекордот на Американецот Ештон Итон (9.045). Французинот последниот ден на натпреварување го почна со 4.563 поени, 140 поени зад успехот на Итон на првиот ден на СП во Пекинг во 2015 кога го постави рекордот.

„Го чекав овој ден долго време. За вакви моменти се живее. Не можам да плачам повеќе бидејќи немам солзи“, изјави Маер, кој е првиот Французин со светскиот рекорд во десетобојот.

27-годишниот Маер, кој на СП во Лондон минатата година стана атракција поради својот изглед и поради своите квалитети, сега го има најголемото подобрување на рекордот во десетобој откако Томаш Дворжак додаде 103 поени во 1999 година.