Top Sport

Фрум со 60 км/ч удрил во ѕид, нема да учествува на Тур де Франс

Британската велосипедска ѕвезда Крис Фрум нема да се обиде да стигне до петта победа на Тур де Франс, откако ја скрши ногата на тренинг пред четвртата етапа на трката Критериум ду Дофин во Франција.

Фрум, кој четири пати ја освојуваше најелитната велосипедска трка на светот, бил итно однесен во болница откако ја проверувал патеката пред  етапата, и сега сигурно нема да биде на Трката околу Франција, која стартува на 6 јули.

34-годишниот Фрум требаше да се обиде да ја врати круната од британскиот сонародник Герант Томас и тоа првпат како член на „Тим Инеос“  по повлекувањето на „Скај“ од богатиот тим.

Според шефот на тимот, Дејвид Брејлсфорд, Фрум удрил во ѕид со брзина од над 60 км/ч.

Scroll to Top